ЕВН најави исклучувања - ќе останете ли без струја?

Од ЕВН Македонија АД информираат дека утре без електрична енергија ќе останат некои улици во општините Гази Баба, Аеродром, Центар и Студеничани.

Во периодот од 08:30 до 14:30 часот без струја ќе бидат корисниците од ул. 157, ул. 148, ул. Аврам Писевски и ул. Бајрам Шабани во општина Гази Баба.

Од 08:00 до 16:00 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од ул. Ѓорѓи Капчев, ул. Лисец, и ул. Богомилски Поход во општина Аеродром и корисниците од Кеј 13 -ти Ноември, катна гаража на АДИССПДП до МЕ, поради реконструкција на мост Гоце Делчев во општина Центар.

Без струја утре од 09:00 до 11:00 часот ќе бидат корисниците од село Држилово и село Патишка Река, како и корисниците од викенд населбата во село Држилово во општина Сопиште.

Во период од 09:00 до 15:00 часот без струја ќе останат корисниците од село Студеничани - улиците со броеви 4, 3, 2, и 1 во општина Студеничани. 

 

 

Оцени ја веста

03.06.2015 - 10:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега