Верушевски секогаш игра на страната на СДСМ

 

Oсвен изказите на Љубчо Георгиевски и новинарката Мирка Велиновска кои сведочат дека екс разузнавачот Зоран Верушевски лично нив им презентирал дел од незаконско стекнат материјали, дека организирал мрежа за прислушкување и дека со тие материјали уценувал политичари говорат и други настани и постапки кои јавноста ги памети. Тој во моментот кога се чуствуваше загрозен, а тоа е во периодот кога неговиот син беше притворен под притисок на јавноста поради бројните прекрушавања на законот се закани дека ќе прозбори, а заканата не му успеа бидејќи експресно беше сместен во димпломатски води во Амбасадата во Рим, поради што тогашниот претседател Бранко Црвенковски и СДСМ си купија мир нивните влкани работи да не излезат на површина, а Верушевски го доби посакуваното.

Како што пишува Курир,  добро упатени извори велат дека Зоран Верушевски настапил со уцените поради две причини.  Првата причина е тоа што не е поставен за министер за внатрешни работи по победата на СДСМ на изборите од 2002 година, иако тоа му било ветено, а доказ се и снимки кои деновиве ги спомнува Мирка Велиновска.

- Ме повика кај него дома. Во домот во тој момент беа и жена му и помалиот син. Верушевски го отвори компјутерот и ми прикажа избор од снимки: како се прославува и што се говори по објавата на „големата победа за Македонија“ во просториите на Бихаќска, ама и во домовите на некои високи македонски угледници и благонадежни државни функционери. Со свои очи видов и со свои уши слушнав извадоци од разговори на Бранко Црвенковски, Шеќеринска, Бучковски, Хари Костов и други угледници како ги озборуваат своите сопартијци што не се на забавата....Така, ексклузивно разбрав дека истовремено а тајно им го ветувал местото министер за внатрешни работи и на Верушевски и на Костов. Ама го озборува Костов, кој со закуска ги чека победниците кај него дома, пишува Велиновска.

Вториот мотив на Верушевски се обвиненијата за обид за убиство, насилништво, изнуда, пукање, газење човек, за кои под притисок на јавноста требаше да одговара неговиот син Алексанадар Верушевски. Како последно во низата тешки кривични дела беше пукањето и обидот за убиство извршени од Александар Верушевски на 29.7.2005 година во Струга, по што е уапсен и одредена му е мерка притвор. По судењето на неговиот син во 2006 година, Зоран Верушевски за медиумите изјави и се закани дека ќе проговори, ќе објави материјали кои ќе предизвикуваат силни немири хаос по улиците и граѓанска војна што е исто како што и направи и се закани сега кога во комуникацијата со еден од осмничените од „Пуч“, каде говореа за почеток на граѓанска војна.

Во 2006-та година по предлог на еден од првите соработници на Црвенковски, шефот на агецијата за разузнавање Лазе Китановски, Зоран Верушевски е поставен за советник во македонската амбасада во Рим, Италија. Надворешните работи и амбасадите се директна надлежност на тогашниот претседател Бранко Црвенковски. Опасноста за Црвенковски е наградена и сместена далеку од македонската јавност.

Во октомври 2007 година тогашниот претседател Бранко Црвенковски донесе одлука за помилување на Александар Верушевски кој излезе од затвор по само 10 месеци, пред да ја издржи казната од две години затвор. Одлуката ја донесе иако против таквата одлука беа и во Министерството за правда, а против беше и управата на затворот во Битола каде тој ја издржувал казната.

Но, тука не запираат проблемите на Верушевски. На 19 јануари 2012 година во Струга се случува тежок инцидент. Во тепачка и престрелка со пукање при што се ранети две лица учествувал и Александар Верушевски, а МВР против него и две други лица поднесува кривична пријава за насилство и обид за убиство. При претресот на стан на Верушевски во Струга, пронајдени се оружје, 500 таблети екстази и дрога.  

Уште во деведесеттите тој е прозиван од јавноста и сомничен за незаконско добивање два стана од МВР. Се правдаше дека не е виновен што му дале два стана, еден како на полицаец, а друг како на генерал. Тогаш, во 1997, и потоа во 2002 година Црвенковски ги заташка овие стамбени афери на Зоран Верушевски.

Кога во 1998 година СДСМ ја загуби власта, Зоран Верушевски го напушти МВР и местото професор на факултетот за безбедност, зема 24 плати и 10.000 евра, но во 2002 се врати на функција, а парите од отпремнината и двата државни стана ги задржа. По новиот пораз на СДСМ на изборите замина кај Фијат Цаноски и стана професор на факултетот за безбедност на ФОН.

Постојаното толерирање на Верушевски од страна на СДСМ  говори дека Верушевски има посебни заслуги за СДСМ и дека тој практично и никогаш не престанал со снимање. Аферата „Големо Уво“ која му помогна на Црвенковски да дојде на власт опфаќаше период од 1998- та до 2001-ва година во кој се снимени разговори на новинари, медиумски работници и политичари.

И Велиновска и Љубчо Георгиевски кажуваат дека снимањето продолжило и такви материјали постоеле и во периодот што следи.  Очигледно Верушевски секогаш игра на страната на СДСМ и нивното раководство. Ваквата игра Верушевски сакал да ја продолжи, но не не му успеа со актуелните случувања и тој беше фатен заедно со неговата агентурна мрежа. 

 

 

Оцени ја веста

02.06.2015 - 14:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега