САД: Речиси сите странски борци во Сирија доаѓаат преку Турција

Речиси сите странски борци, кои војуваат во Сирија во земјата пристигнуваат преку Турција, изјави претставник на американскиот Стејт департмент. 

- Речиси сите тие пристигнуваат од Турција. Ние го знаеме тоа, истакна истиот извор, одговарајќи на прашањето како странските екстремисти, кои војуваат претежно на страната на терористичката групација Исламска држава пистигнуваат до Сирија.

Како што јави ТАСС, американскиот дипломат изјави дека САД сметаат оти оваа ситуација не е само проблем на Турција.

Тој додаде дека во Вашингтон се уверени оти вниманието треба да биде насочено и на други држави, од кои доаѓаат борците.

- Тоа е глобален проблем, оцени претставникот на Стејт департментот и додаде дека Турција веројатно треба да вложи повеќе напори за пресекување на тој прилив на борци, но оти ова прашање „не завршува со неа“

 

 

Оцени ја веста

02.06.2015 - 12:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега