Статистика: Просечната нето плата во април 20.893 денари

 

Во април годинава просечната месечна исплатена нето-плата по вработен изнесува 20.893 денари.

Со тоа, во однос на април минатата година платата е повисока за 1,2 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Зголемувањето се должи, пред сé, на  повисоката просечна месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите:  „градежништво“ за 5,4 проценти, „рударство и вадење камен“ за 5,4 проценти и „преработувачка индустрија“ за  4,8 проценти.

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: „информации и комуникации“  за 30,9 проценти, „снабдување со вода, отстранување отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината“  со 4,2 проценти и „дејности во врска со недвижен имот со 3 проценти.

ФОТО: Дневник

 

најчитано сега