Производителот ќе им плати огромни суми оштета на сите кои пушеле, Вест, Бос, Родео
Вишиот суд на канадската провинција Квебек осуди три мултинационални компании за цигари да им исплатат 15,5 милијарди канадски долари (11,4 милијарди евра) отштета на над еден милион пушачи во Квебек, кои настрадале поради пушењето цигари.
Компаниите осудени на оваа отштета, која е рекордна за Канада, се „Империал тобако“, „Ротманс Бенсон енд Хеџис“ и „Џапан Тобако Интернешнл“.
Тие најавија дека веднаш ќе поднесат жалба до Апелацискиот суд на одлуката на Вишиот суд, со која всушност се стави крај на судски процеси, кои траат 17 години.
Две групни тужби против компаниите се поднесени од 1,02 милиони жители на Квебек, од кои некои почнале да пушат во 60-те години од минатиот век.
Овие компании се производители на најпознатите бренови на цигари кои и најчесто се конзумираат. Голем број од нив се на врвот на листата најпродавани брендови на цигари и во Македонија, како Бос, Родео, Вест и слично.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа