Ристовски: Ако имало неправилно бодување оценката на ученикот ќе се поправи

Доколку со определен приговор на екстерното оценување се констатира дека има неправилно или нецелосно бодување соодветно на решениот тест од страна на ученикот односно ако теоретски на определен ученик му биле објавени резултати за тројка и имал извесен број бодови, а при увидот се констатира дека има повеќе бодови и има основ за повисока оценка, таа веднаш ќе му се впише, информира министерот за образование и наука Спиро Ристовски.

Ристовски истана дека доколку кај некој ученик се констатира втората категорија приговори односно дека постои некаков пропуст кој се случил во делот на функционирањето на софтверот на самиот компјутер на ученикот, на интернетот во училиштето и слично, во тој случај нема да му се земе предвид оценката која била првично генерирана туку ќе му се даде повторна шанса да го полага истиот предмет во август.

- Во текот на следните денови ќе излеземе со вкупните резултати и со просекот на секоја генерација и по однос на предметите. Мислам дека се поставивме многу транспарентно во однос на целиот процес и нема ништо во тој дел да се промени. Во текот на наредните денови ќе излеземе со јавни податоци за тоа колку бил просекот, каква била просечната оценка по соодветен предмет за соодветни одделенија, додаде Ристовски.

ФОТО: МИА

најчитано сега