Денеска полноќен шопинг во Сити Мол по намалени цени

Денеска во трговскиот центар Скопје Сити Мол се организира шопинг до полноќ во соработка со Теа Модерна како единствен  life style магазин.

Денеска во продавниците низ Скопје Сити Мол ќе има неверојатни попусти како и изненадувања за сите кои ќе се решат да дојдат и да пазаруваат до полноќ. За таа цел работното време ќе биде продолжено за цели два часа, па така сите оние кои ќе се одлучат да ја искористат оваа единствена можност ќе можат да уживаат во купувањето во своите омилени продавници, по намалени цени до доцна во ноќта.

Воедно, посетителите ќе се забавуваат и со музиката на  ДЈ-ите на Антена 5 радио.

Ќе има многу подароци и коктел забава.

Па, не пропуштајте!

ФОТО: РадиоМОФ

најчитано сега