Над 6.500 жртви во борбите во мај во Сирија

 

Во судирите во Сирија минатиот месец животот го загубиле 6.657 лица, од кои 1.285 цивили, соопшти денеска сириската Опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон. 

Месец мај е најкрвавиот годинава во Сирија, додека половина од жртвите во воздушните напади на провладините сили се цивили, што според претставникот на ОН за Сирија Стефан де Мистур е неприфатливо. 

Според сириската Опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон во судирите загинале 793 курдски борци и бунтовници, 2.109 џихадисти и 2.242 борци на режимот, додека останатите се неидентификувани и дека бројот на жртви е за околу 2.000 поголем во споредба со април.

 

 

Оцени ја веста

01.06.2015 - 20:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега