Имале секс до прозорец - паднале и починале

Пар од Кина малку се занел во љубовните игри па се одлучил поради топлото време да има секс до прозорец. За жал, кинескиот пар загинал на многу необичен и бизарен начин - со пад од прозорецот на кој воделе љубов.

Како што пренесуваат кинеските медиуми, парот се одлучил да си ги задоволи страстите до прозорецот поради горештините, но не испланирал дека страста толку ќе ги обземе што ќе го скршат прозорецот и ќе паднат на бетон од голема ввисина.

За жал, и момчето и девојката починале при самиот пад.

Брзата помош која дошла на местото на несреќата не можела да направи ништо освен да ја констатира смртта.

најчитано сега