„Neverland“ на Џексон ставен на подажба- нема да ви се верува колкава е неговата вредност

 

Ранчот на Мајкл Џексон „Neverland“ е на продажба. Огромниот имот на покојниот крал на поп музиката е ставен на продажба, а неговата вредност се проценува на 100 милиони долари.

Домот на Џексон се простира на 1090 хектари, а таму не наоѓа железничка станица, куќа со шест спални соби, две езера, базен, тениско и кошаркарско игралиште. На ранчот има и кино со 50 седишта, балкон за гледање и сцена со врата за магични претстави. 

Мајкл Џаксон го купил огромниот простор со жива природа, за 19,5 милиони долари, во 1988 година, а го нарекол „Neverland“, токму поради местото каде што живее Петар Пан. Додека живеел таму, ранчот го реновирал, па додал зоолошка градина и мал луна парк, кои сега се отстранети.

Имотот е изграден во 1981 година од изведувачот Вилијам Бон.

 

 

 

Оцени ја веста

29.05.2015 - 10:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега