Уништени 90 осто од глобалните залихи на хемиско оружје
Организацијата за забрана на хемиско оружје соопшти денеска дека 90 отсто од глобалните залихи на хемиско оружје во светот се уништени, откако се неутрализирани околу 63 илјади метрички тони декласирано хемиско оружје, претежно од арсеналите на САД и Русија.
- Ова е голем пресврт, кој покажува дека сме на добар пат во ослободување на светот од хемиско оружје, нагласи директорот на Организацијата Ахмет Узумцу преку соопштение и додаде дека сите активности за уништување се завршени на безбеден начин.
Комплетното уништување на американските и руските резерви од ерата на Студената војна треба да биде завршено до 2020, односно 2023 година.
Од воведувањето на глобалната забрана за производство и складирање на хемиско оружје во 1997 година, 190 земји ја потпишаа Конвенцијата за хемиско оружје, под управа на Организацијата за за забрана на хемиско оружје.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа