Камерон со барање до ЕУ и членките да бидат „флексибилни и оригинални“

 

Британскиот премиер Дејвид Камерон денеска ја повика Европската унија и нејзините членки да бидат „флексибилни и оригинални“ за да се реформира Унијата, по состанокот со францускиот претседател Франсоа Оланд.

- Статус кво не задоволува и мислам дека промените може да се направат за да профитира не само Велика Британија туку и остатокот од Европа, изјави Камерон во првиот ден од неговата европска турнеја.

Оланд од своја страна порача дека Франција сака Велика Британија да остане во рамки на Европската унија.

- Мислам дека е во интерес на Европа и на Обединетото Кралство да бидат заедно, но народите треба да бидат почитувани, изјави Оланд. 

 

 

Оцени ја веста

28.05.2015 - 21:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега