НАТО длабоко вознемирен - Русите со изненадни воени вежби му ја заледи крвта во жилите на Западот
Руската провокативна реторика во нуклеарното оружје, и драматичната експанзија на леови на нејзините стратешки бомбардери, се длабоко вознемирувачки и опасни, истакна денеска во Вашингтон генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.
Остварувањето на руските планови да ги распоредат ракетите кои можат да носат нуклеарни боеви глави, во Калинијинград, блиску полската граница, како и заканата за разместување на нуклеарно оружје на Крим, суштински ја променија безбедносната рамнотежа во Европа, истакна првиот човек на НАТО.
Тој остро го критикуваше руското однесување во последната година дена, вклучувајќи ја и вооружената интервенција во Украина.
Тој дополни дека летовите на руските стратешки бомбардери се прошириле од Јапонија до Гибралтар, од Крит до Калифорнија и од Балтичкото до Црното Море.
Кога е во прашање нуклеарната вооружена внимателноста, предвидливоста и транспарентноста се од витално значење, а руското „звецкање“ со нуклеарната сабја е неоправдано и делува дестабилизирачки и опасно.
Тој ги искритикува Русите поради воените вежби на голем обем, што претставува кршење на меѓународните договори.
Русија во овој момент изведува таква вежба близу границата на Украина во која учествуваат 250 авиони и 700 комада тешко вооружување.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа