КОМУЊАРИ АБДАЛИ

Се распишале колумни. Си нашкрабале ФБ постови. Си посакуваат иднина каква што ним им одговара... Себични недемократи, бивши членови на СКМ, тоталитаристички уредници и директори од времето на СФРЈ.

Од жилите, колку завчера (СФРЈ) им течеше комунизмот, сега се најголемите улизици на Вашингтон и Бриел. До завчера пееја “Друже Тито ми ти се кунемо“, еве ги денеска во потрага по нови робовладатели?! Оти слободни не знаат како да живеат. Им треба стопан, газда, наредбодател, робовладател... Кутрите мали хрчаци. Глувчиња исплашени...

 

Погледнетеи ги колумните на Ерол Ризаов, Бранко Тричковски, Бранко Героски... Погледнети ги нивните ФБ постови, ставови, дебати. Погледнети ги настапите на Тито Петковски, Стојан Андов, Ѓорги Спасов... Секако, погледнете ги и ставовите на наследниците на црвената буршоазија, на децата што станале “некој и нешто“ оти татко им бил кодош, комуњар, заљубеник во Москва, Стаљин, Тито, Темпо, Бакариќ, Доланц... Погледнете ги Борјан Јовановски ( со се фамилијата), Ана Павловска Данева, Петрит Сарачини и слични. Погледнете...

До завчера за сите нив (и новните фамилии) неверници беа оние што си купуваа фармерки од Трст или носеа подолга коса, еве ги сега за неверници ги етикетираат сите оние што сакаат слободно да гледаат на светот и еднаквоста. На Запад, но и на исток. Бившите комуњари, доколку човек сака да види опции а не да биде роб, веднаш го прогласуваат за про-рус, про-путинист... Демек не е на “линијата“. Тие секогаш биле на линијата на партијата. Секогаш и Спасов и Андов и Ризаов и Тричковски слепо ја следеле својата Партија и нејзината “линија“. И, така следејки ја слепо, и ебаа мајката на бившата држава. Ја срушија однатре, оти таа држава создаде ткиво на елитини медиокритети. Сите тие медиокритети, ете ги сега во или околу СДСМ. Заедно со брислеките медиокритети. Медиокритети од сите земји, обединете се.

Ниту еден текст, ниту еден пост, ниту една изјава немаат направено каде што го признаваат првото и најголемо начело на демократијата – волјата на мнозинството. На овие фашисти, на овие бољшевици, на овие тоталитаристи волјата на народот, на мнозинството народ, ништо не им значи. Они се придржуваат на изјавата на нивниот  гуру Бранко Црвенковски дека “природно им припаѓа правото да владеат“.

Најголемиите тоталитаристи во НИП Нова Македонија Раде Глава Огњановски (татко на Миле Паника) и Ерол Ризаов, сега се нај “западњаци“. Комуњарата Ерол се изнадобива “новинарски“ (читај: пушинела) награди од идиотите од Брисел. Човек што се крстеше во Тито, СКМ, СКЈ... Унутрашњо-политички новинар што на 14-тата седница не виде дека СФРЈ се распадна, па неговиот текст редакцијата на Нова Македонија мораше во Предејане (на пат кон Скопје) уз “лепиња са кајмаком“ да го пишува наново. Брано Героски кој со писмо до Директорот на НИП-от барал да биде префрен во редакцијата на весникот (партиско гласило) Комунист, оти “идеолошки не можел да се најде во другите изданија“, еве го сега пак со партиско гласило. Партиско гласило, петпарачко весниче, што го поддржува “Црпнатиот од Муртино“.

Сите овие прозападњаци и квази демократи пишуваат, малтретираат, се закануваат, предвидуваат... Ама избори, волја на народ, волја на мнозинство, устав, закон и слични основни алатки на демократијата не практикуваат. Уставот и законот им е добар ако владее СДСМ. Собранието е потаман ако мнозинство има СДСМ. Ако е обратно, ништо нема потреба да постои, дури ни државата и нацијата. Македонија и Македонците.

Сите нивни изјави се од типот “Грујо оди си“, или “Ние кога ќе дојдеме на власт“, или па “Ќе видите вие што ќе ви се деси“!!! Значи, се така некои “демократски“ изјави. Како, според кој закон и правна регулатива “Грујо ќе си оди“, не знаат да кажат! Како и според кој закон или уставно начело ќе се деси они “да дојдат на власт“, исто така не им е познато! Посакуваат “иднина“  во која ќе колат, бесат и затвараат откако нели “ќе дојдат“, но не објаснија во која категорија од демократијата, правото, легислативата овие “акции“ од иднината припаѓаат!

Пишуваат, постираат, коментираат, настапуваат... Ама за “иднината“ во која нивните поколенија во градинките би требало да учат албански, не се изјаснуваат. Не се изјаснуваат за иднината во која нивните наследници ќе живеат во (како) ЛГБТ заедница, со Драги Шпага или Боки 13. Не напишаа, бога ти, ништо за тие “вредности“ што ја очекуваат нашава нација под нивно водство.

Живеење во филм дека ете утре ќе се вратиме на власт (како, бе?!?!), во филм дека си Наполен, Премиер, Кројф е работа за специјализирани институции со жолто комбе и бела кошула со долги ракави.

Ако сабајлево се разбудиле и одвоиле од перницата што им е жива вода од соништата, и доколку се барем на кратко свесни, не опијанети и не дрогирани, еве им ја реалноста: Мнозинството народ во Македонија не ја поддржува опцијата на СДСМ и “идеологијата“ на Заев. Повеќе од половина милион луѓе дадоа доверба, ЛАНИ нели така, на Груевски а не на Заев. На Иванов а не на Пендаровски.

Гласање, гласови, мнозинство, доверба и слично се демократските вредности на демократско општество. Не можам да видам дека СДСМ посакува нови избори, бидејки со сите оние “Ајде на избори“ акции на Бранко и Рада, доживеаја невиден фијсако. До ниво да на последните избори лани, Заев на уште непребројани гласови (можеби имал мнозинство, а?) прогласи дека резултатите не ги признава.

Значи, бујрум направете си програма, претставете ја пред народот. Повикајте се на поранешните остварувања, побарајте да ви веруваат. И, на ДЕМОКРАТКИ начин преземете го водењето на државата. Или, да ви го пратам жолтото комбе од институцијата под Зајчев рид.

МИЛЕНКО НЕДЕЛКОВСКИ

 

 

Оцени ја веста

28.05.2015 - 19:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега