Следува продолжен викенд - што ќе се случува со времето?

 

Во текот на продлжениот викенд се очекува релативно пријатно време. Сите три дена нудат претежно сончево време. Можно е мало наоблачување со услови за слаб и сосема локален дожд во западниот регион во недела попладне, пишува Метеопро.

Ветерот овие три дена ќе биде сосема слаб.

 

Утрата ќе бидат свежи, а деновите топли. Максималната температура во петок од 19°С до 24°С. Сабота потопла. Долж повардарие и овчеполскиот крај максимална од 25°С до 29°С, а низ останатите низински места максимална околу 24°С.

Недела најтопла. Макималната температура во однос на саботната ќе биде во пораст за околу 2°С

Сите три дена ќе имаат висок УВ индекс, па затоа неопходна е соодветна заштита.

 

 

Оцени ја веста

28.05.2015 - 16:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега