Четворица повредени полицајци од Куманово се уште во болница - каква им е состојбата?
Четворица припадници на безбедносните сили кои учествуваа во полициската акција во Куманово насочена кон разбивање на терористичка група, се’ уште се хоспитализирани на скопската Клиника, а најтешко повредениот во моментот се наоѓа на Клиниката за Урологија, каде што вчера му била извршена операција на рака.
И врз другите тројца повредени полицијци извршени се сите потребни интервенции и се вон животна опасност.
Во полициската акција, која почна на 9 мај, а заврши следниот ден, загинаа осум полицајци, а 37 беа повредени. Цивилни жртви немаше, иако борбите меѓу полицијата и терористите се водеа во густо населената населбата Диво насеље.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа