3000 бугарски демонстранти „На кафе пред Парламентот“
Повеќе од 3.000 демонстранти се собраа денеска пред зградата на Владата во Софија.
Протестот продолжи по вообичаената маршрута - кон Парламентот и пред седиштата на ГЕРБ, ДПС и БСП.
Протестите втор ден се организираат под мотото „На кафе пред Парламентот“ со цел Владата да поднесе оставка и да се измени Изборниот законик.