Доживотен затвор за нашинецот кој масакрираше двајца Италијанци

Нашинецот Абдул Алили заработи доживотен затвор за убиството и грабежот на брачниот пар Паоло Маркони и Ада Черкети кои ги изврши во септември минатата година во гратчето Монталупоне во Италија.

Судот во Масерата донесе одлука на Алили да му биде одземено родителското право брз неговите три деца, а исклучен е и престојот во самица бидејќи во спротивно Алили би имал право да бара ослободување откако ќе одлежи две третини од казната.

Судот одлучи Алили да им плати 500.000 евра отштета на двете ќерки на Маркони и Черкети, додека на нивните внуци треба да им исплати дополнителни 180.000 евра. Казната е симболична, бидејќи осуденикот нема ниту толку пари, ниту имот. Алили лани во септември, под дејство на дрога, применил брутална сила врз постарата двојка, ги заклал и украл две парчиња златен накит кои го збогатиле за 2.000 евра. 

најчитано сега