Откриена причината поради која романскиот автобус падна во кањонот Морача

 

Романскиот автобус кој слета во кањонот Морача се движел со двојно поголема брзина од дозволената, што довело до тоа да се случи несреќата.

 Автобусот од Романија, пред да се урне во кањонот, се движел со брзина од околу 80 километри на час, иако ограничувањето на тој дел од патот било 40 километри на час.

Основниот јавен обвинител Војислав Грујиќ рече дека податоци се од картичката на дигиталниот тахограф, но дека точната брзина на движење на автобусот пред несреќата ќе се знае по деталната анализа на сообраќајни вештаци.

Инаку, за жал во несреќата животот го загубија 18 лица, додека 29 беа тешко повредени.

најчитано сега