Најстарата скопска општина слави роденден - еве што ќе се случува во сабота
Најстарата скопска општина - Кисела Вода, во сабота ќе го прослави 58. роденден. По повод роденденот, предвидена е свечена седница и неколку културно-забавни настани.
Во сабота во 10:00 часот, во големата сала на општината ќе се одржи свечена седница на Советот на општината. На седницата, градоначалникот Билјана Беличанец – Алексиќ ќе додели благодарници на личности кои оставиле печат во работата и развојот на општината.
Во сабота ќе се одржи и голема забава и културно - хуманитарен настан, а Буба – клубот и мото клубот “Ноќни волци” ќе направат роденденско дефиле низ општината.