ВИДЕО: На оваа македонска пејачка треба да бидеме горди

Рада Јаневска има 35 години и живее во Скопје. Со пеење се занимава уште од својата најмала возраст, а своите први почетоци и беа почнувајќи од фестивалот за деца Златно славејче со изведба на песната “Модерни баби”

Професионално со пеење започна да се занимава во 2000 година, а веќе 14 години е во составот Бузуки бенд, со кои има настапувано по клубовите низ Македонија, така и низ поранешна Југославија, па дури и во Грција. Има настапувано и на Макфест во 2004 година како дебитант со песната “Ако не си само мој”, композиција напишана од нејзиниот колега Трајче Ставревски, аранжманот е на Дарко Тасев, a текстот на Огнен Неделковски.

Рада Јаневска е македонска претставничка од Скопје која се натпреварува на музичкото шоу “Ѕвездите на Пинк”, која успеаа да влезе меѓу првите триесетина финалисти и продолжува да се бори во следниот петти круг кој допрва ќе се емитува на Алфа ТВ. Досега поминаа четири круга, во првиот круг се натпреваруваше со песните “ Краљ поночи” од Ана Бекута и “Такве као ти” од Нина Бадриќ, во вториот круг ги испеа песните “Проклет да је овај живот” од Биљана Јевтиќ и “Судњи дан” од Дорис Драговиќ со која песна предизвика големи овации и аплаус од публиката и жирито, а посебно внимание привлече кај Харис Џиновиќ кој искоментира дека тоа е нејзиниот стил и треба да го задрзи истиот, за разлика од Бора кој и препорача да ги заборави народните песни кои таа мора да ги пее зошто се дел од изборот на самото натпреварување.

Рада Јаневска веќе 14 години настапува со “Бузуки бенд” во казино Фламинго и на барање на водителот Милан Калиниќ испеа грчка песна од Адонис Ремос со која изведба повторно го одушеви жирито и се издвои од другите кандидати. Во третиот круг ја отпеа “По тебе” од Тоше Проески, а во четвртиот настапи со дуетската песна од Магазин и Есма – “Дани су без броја”.

Се натпреваруваа четиристотини кандидати, од кои се уште останаа да се натпреваруваат триесетина финалисти. Досега имавме можност да си следиме првите четири круга, а допрва следи и петтиот. Во првиот и вториот круг кандидатите настапуваа поединечно пред жирито, додека во следните два круга настапуваа и се бореа за следниот круг по четворица на сцената. Организаторите концептот на натпреварување и понатаму ќе го менуваат и во следниот круг. 

 

 

Оцени ја веста

26.05.2015 - 11:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега