Цветановски: Паднаа маските на пленумите, на лагата и се крати нозете

Не гледам причина за протести во образованието ниту пак тоа е начин на кој ќе се дојде до решение, вели почесниот претседател на СОНК Дојчин Цветановски во вечерашното гостувањето во емисијата „Јади бурек“ на Сител 3.

-Владата покажа капацитет, а ректорот на УКИМ кажа дека законот е готов и негова оцена е дека е закон кој е работен по стандарди на европското образование. И покрај тоа претставници на Студентскиот пленум беа на митингот на опозицијата да бараат оставка. Очигледно не станувало збор на протестите на студентите за подобро образование, туку за сосема нешто друго, маските паднаа, на лагите им се кратки нозете, вели Цветановски.  

Тој додава дека формирањето пленуми стана модерно, но имало и добри анализи од поединци кои биле членови на тие пленуми, имало и добри издржани работи.

- Мислам дека државните органи во случајов МОН направи грешка што влезе во преговори. Треба да се преговара со тие кои се партнер за преговори според закон. Партнер е од аспект на заштита на правата на наставниците репрезентативниот синдикат. Учениците не можат да бидат партнер на преговори со било кого. Тоа се групи со кои не можете да преговарате, да договарате, за нешто што го донело највисокото законодавно тело, рече Цветановски.  

 

 

Оцени ја веста

22.05.2015 - 23:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега