Вајгл: Не постои консензус во Брисел дека Груевски мора да замине

 

Европратеникот Иво Вајгл во интервју за хрватскиот весник „Вечерњи лист“ вели дека не постои консензус во Брисел за тоа дека премиерот Никола Груевски треба да си замине.

-Консензус дека Груевски мора да замине во Брисел не постои. Постои консензус да се спроведе истрага за инкриминирачките изјави на снимките и за оние за кои ќе се докаже дека извршиле кривично дело да сносат политичка и казнена одговорност. Симпатиите во европската политика се симетрични – подеднакво ги има оние кои велат дека Влдата може да се менува само на избори и други кои велат дека треба да се послуша гласот на народот. ние како посредници немаме задача да даваме предлог за решение. За тоа треба да се договорат во Скопје, вели во интервјуто Вајгл, известувач за Македонија во Европскиот парламент.

 

 

Оцени ја веста

22.05.2015 - 21:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега