Полициите на БиХ и Хрватска разбија наркомрежа која го снабдувала со наркотици реонот на Дубровник
Полициите на БиХ и на Хрватска разбија наркомрежа и уапсија 23 осомничени, од кои четворица полицајци, кои го „снабдувале“ со наркотици реонот на Дубровник пред почетокот на летната сезона.
- Ја набљудуваме оваа група во последните шест месеци заедно со хрватската полиција и уапсивме 23 лица во Босна, изјави Гојко Васиќ од босанската полиција.
Четворица уапсени полицајци се поврзани со криминалната група, која се занимавала со шверц на дрога и оружје, додаде тој.
Апсењата беа извршени вчера во реонот на Требиње и Бања Лука. Од хрватска страна во Дубровник се уапсени шест лица.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа