Дачиќ: Кризата во Македонија е проблем и за ОБСЕ и за регионот

Политичката и безбедносна криза во Македонија претставува проблем за Организацијата за европска безбедност и соработка, но и за целиот регион  вклучувајќи ја и Србија, оценува министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ.

„Кога пред три месеци бев во Македонија веќе се насетуваа знаците на криза. Овде постојат два вида на проблеми, политички и безбедносни, кои не можат да се одвојат, затоа што постојат конфликти меѓу владата и опозицијата, но и помалку изразени меѓународни конфликти.

Многу поопасна е појавата на терористичките банди и човечките жртви“, изјави Дачиќ кој претседава со ОБСЕ.

Тој дополнува дека проблемот во Македонија може да се реши со политичка воља и пружање на европски перспективи на таа земја.

Вели дека Македонците долг период тапкаат во место и што и да направат, не се поместуваат понапред.

„За 20 години Европската унија не организираше ниту еден состанок на тема Македонија, додека во исто време Косово е постојана тема, иако постои голема опасност од понатамошна ескалација на ситуацијата во Македонија“; вели Дачиќ, кој додаде дека целата меѓународна заедница сноси одговорност за кризата во Македонија.
ЕУ секоја година предлага отворање на преговарачки поглавја за Македонија, а сега оддеднаш постојат проблеми. Тие кои посредуваат во разговорите за решавање на кризата треба да уживаат доверба во сите учесници на тие разговори“.

Политичките фактори на Македонија порачуваат да се занимаваат со реалноста и решавањето на проблемите како прашањето за името.

Запрашан зошто европските официјални лица изгбегнуваат да ги дешифрираат вооружените конфликти во Куманово како терористички акт или етнички конфликт, Дачиќ истакна дека постои желба на политичари од Европа, за на Балканот се создаде граѓанско друштво, што не е лесно.

 

„Тука станува збор за навики од деведесетите години, а јас би сакал сите да извлечеме поуки од тој период. Ние во Србија особено носителите на државни функции треба да бираме зборови затоа што не е наше да се менуваме во внатрешните работи на другите држави. За тоа кој ќе биде на власт во Македонија треба да одлучуваат сите граѓани на земјата, а ние сакаме стабилност, затоа што е лесно да се влезе во криза, а тешко е да се излезе од неа“, истакна Дачиќ. 

 

 

Оцени ја веста

22.05.2015 - 11:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега