ФОТО: Ова е вереникот на Гавазова - го „криела“ дури и од родителите
Јасмин од Шведска е фраерот кому му појде од рака да ја освои Сузана Гавазова и да и стави свршенички прстен на раката. Фолкерката денеска треба да се врати за да им го претстави избраникот на семејството, роднините и пријателите во родната Струмица и да направат веридба. Сузана во последно време многу често леташе за Малме, но патувањата ги врзуваше со настапи, вешто криејќи ја љубовта и во секоја изјава велеше дека нема дечко и едвај чека да и се случи некоја фатална љубов.
"Немам толку среќа во љубовта, но не губам надеж, тоа е тоа. Мислам дека еден ден и тоа ќе се случи. Можеби не им дозволувам да ми пријдат додека не почувствувам нешто, не давам знаци, па сигурно и заради тоа не ми приоѓаат често машки да ми се додворуваат. Можеби до мене е. Но, не сум нашла некој да ме привлече, имав тригодишна врска, но ете не одеше. Мојата работа не е обична, имаше љубомора, но пријателски се разделивме", ни изјави Сузе пред само еден месец на Прилеп фест и додаде дека не и е важна материјалната состојба на партнерот.
"Не мора да е материјално ситуиран добро. Имам добра професија, заработувам добро, така што не би ми пречело да заработува и помалку од мене. Најмногу од се сакам покрај него да се почувствувам како жена, карактерно да биде многу силен и да се почувствувам заштитена. Сакам да се потпрам на нечие рамо, да имам со кого да споделам радост и тага. Сакам маж во вистинска смисла на зборот маж", рече тогаш Сузе.
Таа вели дека го има прошетано половина свет, но најголема желба и е да ја посети Индија. "Сакам да одам во Индија, ја сакам многу нивната музиката и слушнав дека Индијците биле многу убави луѓе и духовно богати, сакам да го доживеам тоа духовно богатство", вели струмичанката. Кој да знае, можеби токму Јасмин ќе и ја исполни желбата и ќе ја одведе на меден месец во Индија.