Обама: Не сум разговарал со Путин за Сноуден

Американскиот претседателот Барак Обама истакна дека не контактирал со кинескиот и руски колега Џинпинг и Путин за американското барање за екстрадиција на поранешниот соработник на америиканската Национална безбедносна служба Едвард Сноуден. Тој дополни дека станува за чисто правен случај. Тој на прес конференција во Сенегал ја почна турнејата, а истакна дека преку вообичаените правни канали ќе се разреши целата работа.  

Мериканскиот претседател Барак Обама денеска изјави дека не разговарал со кинескиот и рускиот колега, Сји Џинпинг и Владимир Путин, за американското барање за екстрадиција на поранешниот соработник на американската Национална безбедносна служба Едвард Сноуден, бидејќи станува збор за „чисто правен случај“.

- Не го побарав лично ниту претседателот Сји, ниту претседателот Путин, а главна причина е таа што не морав. Втора причина е што со Русија и Кина имаме многу работа, истакна Обама, додавајќи дека не планира случајот со еден осомничен да го подигне на повисоко ниво.

Тој нагласи и дека американската војска нема да се обиде да го пресретне авионот со кој Сноуден ќе патува од Русија.