Од 2004 година нападнати и бомбардирани 73 цркви

Од 2004 година па се до денес во светот се нападнати и бомбардирани 73 цркви. Четириесет и пет цркви биле во Багдад, 19 во Мосул, 8 во Киркук и 1 во Рамади. Од истата година бројот на христијаните во Ирак од 1,4 милиони паднал на 600.000. Во вторникот била нападната црквата Сент Мери при што биле ранети двајца чувари. Било пукано од автомобил во движење. Ранетите веднаш биле префрлени во болницата Ал Кинди.  

Токму со бомбардирањето на првата црква на 26 јуни 2004 година започна геноцидот на христијаните во Ирак. 

Од 2004 година наваму, христијаните во Ирак од 1,4 милиони паднаа на само 600.000 лица.

Повеќе од половина од нив се иселиле во Јордан, Турција и Сирија.

најчитано сега