ВИДЕО: ФБИ одговорна за смртта на новинар? - работел на сторија и знаел дека го следат

Роднините на 33 годишниот американски новинар Мајкл Хејстингс сметаат дека не починал во обична сообраќајна несреќа и дека зад неговата смрт стои ФБИ. Имено несреќата се случила пред девет дена во 4 часот и 20 минути кога Хејстингс изгубил контрола на возилото и удрил во дрво по што избил пожар. Хејстингс веднаш починал, а роднините јавно проговориле за пораките кои што ги добиле од него дека работи на голема сторија и дека ФБИ го следи. А доколку се обидат да стапат во контакт и со нив најдобро е да побараат правен совет. Тие велат дека е невозможно да се точни информациите од полицијата која вели дека тој пребрзо возел по што ја изгубил контролата на возилото. Сите велат дека возел како старец и дека за голем дел од прашањата за неговата смрт треба да се најде одговор. 

 

 

најчитано сега