Без дoговор со кредиторите Грција не може да го врати долгот кон ММФ

Грција нема да успее да изврши исплата на долгот кон Меѓународниот монетарен фонд, чиј рок на доспевање е 5 јуни, без спогодба со нејзините меѓународни кредитори, изјави денеска потпаролот на парламентарната група на грчката владејачка партија СИРИЗА, Никос Филис. 

Атина е соочена со исплата на неколку долгови со вкупна вредност од 1,5 милијади евра кон ММФ следниот месец и преговара со Европската унија и Фондот, за да издејствува договор за помош во замена за реформи пред да остане без ликвидни пари. 

- Сега е моментот кога преговорите созреваат. Сега е момент на вистината, на 5 јуни, изјави Филис. - Доколку нема спогодба дотогаш, која ќе се занимава со актуелните финансиски проблеми, тие нема да добијат никакви пари, додаде тој. 

Преговорите на Грција со кредиторите од ЕУ и ММФ се водат веќе четири месеци. Успешното финализирање би подразбирало помош во износ од 7,2 милијарди евра, но преговорите заглавија околу реформите за пензиското осигурување и пазарот на трудот, предложени од кредиторите.

 

 

Оцени ја веста

20.05.2015 - 11:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега