ВИДЕО: Скопјани почнаа да се журкаат во спорната дискотека на Плаја Виста
Синоќа и покрај апелите на граѓаните и прес-конференциите на советниците од ВМРО-ДПМНЕ, беше отворена спорната дискотека на местото на базенот Плаја Виста.
Претходно градоначалникот на Центар Андреј Жерновски уверуваше дека издал решение за спречување на понатамошното преуредување на просторот на Базенот Плаја Виста.
Од ВМРО-ДПМНЕ посочија дека дискотеката ја отвораат блиски луѓе до Жерновски, и оттука тој по секоја цена се труди да го забошоти овој случај и да им обезбеди непречено функционирање на нивните бизниси.
За дискотеката почна да кружи и видео на социјалните мрежи на кое се гледа дека на местото на базенот Плаја Виста изникнала дискотека, иако граѓаните долг период говореа во јавноста дека со изградбата на дискотека на оваа локација целосно ќе се уништи просторот за рекреација и спортување.