Во Тирана дводневна конференција посветена на безбедноста

Претставници на безбедносните служби од Западен Балкан и од неколку земји-членки на Европската унија учествуваат на дводневната конверенција во Тирана. Конференцијата е во рамките на иницијативата на САД за борба против исламските групи кои регрутираат Европејци да се борат во Ирак и во Сирија.

Државниот подсекретар на САД за цивилна безбедност, демократија и човекови права Сара Сивол апелираше до земјите во регионот да воспостават соработка за спречување на регрутацијата на исламистички борци и да донесат национална стратегија за борба против таквиот проблем.

Во последните три години стотина борци од Албанија и од Западен Балкан соочени со економски проблеми и невработеноста им се придружија на терористичките бунтовници во Сирија и во Ирак.

 

 

Оцени ја веста

19.05.2015 - 16:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега