ВИДЕО: Ново активирање на вулканот Питон де ла Фурнез на Реунион
На францускиот остров Рејунион, кој се наоѓа во Индискиот Океан, забележано е ново активирање на вулканот Питон де ла Фурнез.
Првите знаци на активирање на вулканот беа забележани минатата седмица, а еруптирањето започна во неделата.
Лава истекува во вулканска котлина во близина на кратерот, која е во ненаселена област и не претставува опасност за 840-илјадното население.
Според вулканолози, сегашното активирање е многу поопасно од последното во февруари оваа година и со два до четири пати поинтезивно истекување на лава.
Питон де ла Фурнез е еден од најактивните вулкани во светот, а неговата височина надминува 2.600 метри. Од 17. век се регистрирани над 150 ерупции, а најдолгата била во 1998 година и траела шест месеци.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа