Кавадарци денеска без вода

Денеска дел од Кавадарци е без вода за пиење поради реконструкција на главниот цевковод.

- Без вода се жителите на улицата „Методија Џунов-Џикот“. Реконструкцијата е дел од програмата на КФВ банката за техничка поддршка. Ги вадиме  азбестно цементните цевки и на нивно место ставаме дуктилни цевки фи 400. Азбестно цементните цевки се стари и дотраени, вградени пред 40 години, појасни Марјан Прескакулев, раководител на работната единица за водовод и канализација при Јавното претпријатие „Комуналец” од Кавадарци.

Во Кавадарци денеска вода ќе нема до 16 часот.

ФОТО: Кафепауза

најчитано сега