Слаѓан и Данка лежеле мртви во локви крв - глетката била страшна
Слаѓан Б. (49) и неговата сопруга, 35 годишната Данка Б се пронајдени мртви во хотелот "Стара Славија", Белград.
Тие цел ден не ја напуштиле собата, ниту пак ја отворале вратата која била заклучена по што вработените во хотелот морале да реагираат и го повикале обезбедувањето. А кога на сила ја отвориле вратата, ги затекнала ужасна глетка.
-Маж и жена лежеле мртви во локви крв со рани од огнено оружје а до нив беше и пиштолот. Веднаш ја повикавме полицијата, а набрзо дојде и Брзата помош која ја констатираше нивната смрт, изјавил извор за Курир.
Полицијата се сомнева дека Слаѓан најпрвин ја убил Данка со пиштол, а потоа и си пресудил себе си. Како што дознава српски Курир, брачната двојка пристигнала во хотелот утрото и се сместиле во соба број 129, од која требале да излезат во 18 часот.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа