Грција: Нова Демократија води пред Сириза во поддршката на граѓаните
Партијата на Нова Демократија во Грција според последното испитување на јавното мислење се наоѓа пред левичарската опозиција Сириза. Владејачката партија води со 1,2%, односно конзервативците на премиерот Андонис Самарас имаат 22% додека Сириза имаат 10,8% поддршка од граѓаните.
Неофашистичката Златна зора има поддршка од 9,1 процент од граѓаните, по неа е ПАСОК со 6,1, Независни Грци со 5,5, и Комунистичката партија (ККЕ) со 5,1 проценти. За Демократската левица (ДИМАР), која неодамна се повлече од коалициска Влада на Грција, се само три проценти од испитаниците, што е на прагот за влез во Парламентот.
Социјалистичката партија на Фотис Кувелис вчера се обиде да ја разјасни својата позиција за постоечката и претстојната легислатива, велејќи дека партијата ќе ги поддржи владините закони со кои се сложува и ќе биде против оние за кои смета дека ќе и наштетат на државата.