Варуфакис: Следната недела ќе биде постигнат договор со кредиторите

Грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис синоќа изјави дека очекува следната недела да биде постигнат договор со меѓународните кредитори, кој ќе ја спаси земјата од банкрот.

- Мислам дека сме многу близу и веројатно за една недела ќе постигнеме договор, истакна Варуфакис.

Тој нагласи дека според кредиторите, дојдено е времето за склучување договор, додавајќи дека нема да биде прифатен компромис, кој според Владата би бил неизводлив.

- Ве уверувам дека ако бидеме исправени пред дилемата дали да му платиме на кредитор, кој одбива да потпише договор со нас, или на пензионер, тогаш ќе му платиме на пензионерот. Се надевам дека ќе успееме да им платиме и на двете страни, изјави грчкиот министер.

 

 

Оцени ја веста

19.05.2015 - 09:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега