Експлозија го стресе Нови Сад - повредени две лица

Денеска силна детонација го стресе Нови Сад и предизвика паника кај граѓаните.

Бомбата била поставена под паркиран автомобил марка Ситроен, а при експлозијата две лица се здобиле со повреди, при што итно биле пренесени во болница.

Не се знае кој ја подметнал бомбата, но според тврдењата на жена-очевидец се работело за младо момче кој со капа на главата и бели ракавици на рацете постојано се вртел околу автомобилот.

ФОТО: Комуникација 

најчитано сега