Европол: Растот на криминалот во ЕУ може да има сериозни последици по Унијата

 

Пораст на криминалот, криминалците и криминалните организации  во Унијата кои се проценуваат на околу 3600 е резултат исклучиво на финансиската криза, а за тоа предупреди и првиот човек на Европол Роб Вејнрајст кој истакна дека во првите години од економската рецесија прометот на сивата економија е дупло зголемен на речиси две милијарди евра. 

Тој посочи на фалсификувањето на пари, лекови, прехрамбени производи па се до делови од авиони кои можат да предизвикаат сериозни последици по здравјето на луѓето. Криминалните групации дури и се трансформирани во транснационални корпорации и истите имаат претставници во 60 и повеќе земји. 

При тоа уделот на фалсификатите, кои претставуваат закана за здравјето во вкупниот обем на фалсификувана стока во 2011 година се зголемил за 14,5 отсто од периодот пред кризата.

Европол наведува дека опасните фалсификувани производи не се само прехранбени производи или лекови, туку и делови за автомобили, авиони и воена техника. 

најчитано сега