Еве како Заев со погрешен наратив ја лаже јавноста

 

Опозицискиот лидер Зоран Заев и денеска продолжи со објавување на нелегално стекнатите искреирани материјали, дополнувајќи ги со наратив преку кој повторно се обиде да ја доведе јавноста во заблуда.

Заев денеска се обиде да ја изманипулира јавноста дека не било точно дека Груевски не преговарал за идентитетот, но од снимката која тој ја објави, јавноста го слушна токму спротивното од неговите тврдења, се слушна доказ според кој како што вели преговарачот Зоран Јолевски, се бара преку резолуција како метод да се гарантира идентитетот.

Заев во најавата рече дека  од следниот разговор ќе станело јасно дека не е точно дека Груевски не влегол во разговор за идентитетски прашања. Заев рече дека влегол и барал да се решат преку резолуција. Сепак од разговорот се заклучува дека преку резолуција се бара гаранција за идентитетските прашања да не бидат тема на разговор.

- Па вика знаеш вика ние вика ги слушаме вашите ставови долго време и грчките ставови, ги знаеме и вашите и грчките, па добро бе викам, сте слушнале, сте разговарале многу пати, јас секој пат сум ти кажувал дека за идентитетот не може да биде тема на разговор, многу ни е битен идентитетот и мора.. да ни се тоа загарантира... викам дадовме начин како да се изгарантира, да се најде гарантира, метод нели ко што разговаравме, да не биде во договорот да биде преку резолуција, вели Јолевски во дел од искреираниот разговор кој го објави СДСМ.

Наспроти тврдењата од Заев, од разговорот стана јасно дека Груевски не влегол во разговор за идентитетот, туку спротивно на тоа, Јолевски говори за резолуција која ќе го загарантира идентитетот. Јолевски бара заштита на идентитетот.

Ваквиот разговор, бил искреиран или не претставува јасен доказ дека Заев преку воведот кој го дава пред пуштањето на разговорите свесно сака да манипулира со јавноста, најавувајќи невистини за кои веднаш потоа самиот се демантира и излегуваат на виделина, како што беше овој случај.  

 

 

Оцени ја веста

17.05.2015 - 10:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега