Груевски: Нема да дозволиме некој однадвор со полтронот Заев да ја руши државата

 

Зоран Заев беше замолен, во понеделник да бидат дислоцирани од пред Владата неговите поддржувачи кои планираат таму да останат, бидејќи во тоа време ќе се случува голем народен собир на ВМРО-ДПМНЕ. Тој тоа го одбил.

sitelgruevski22

 

Затоа премиерот Никола Груевски во вестите на Сител истакна дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ја смени својата локација за собирот закажан за понеделник.  Целта е да не се створи проблем при судир на двете групи, но Заев не сакал со дислоцирање тоа да се избегне.

-По тоа гледам дека човекот сака да дојде до судир, сака да има проблеми. За во тие проблеми, во тој хаос што би се создал кога би се судриле граѓани, тој да најде начин како да се извлече од сите незаконски криминални работи што ги има направено. Тоа нема да му го дозволиме. Ние нема да однесеме таму народ за да дојде до закрвување и меѓусебни физички пресметки. Но, ќе покажеме, со целиот народ кој ќе дојде, дека оваа држава има народ со крената кичма, дека оваа држава нема да дозволи некој однадвор со еден инструменти полтрон на нечии интереси да ја руши државата и легитимно избрана власт и да спроведува туѓи сценарија, рече Груевски.

Тој потенцира дека собирот за поддршка на Македонија во понеделник ќе биде мирен и ненасилен. Премиерот истакна дека се надева дека и утрешниот протест организиран од СДСМ кој се крие зад здруженија, ќе биде мирен.

Ако поддржувачите на СДСМ повторно прават насилни протести, рече Груевски, ќе бидат соодветно пресретнати и ќе им биде соодветно одговорено согласно демократските принципи и согласно уставот и законите.

 

 

 

Оцени ја веста

16.05.2015 - 17:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега