ВИДЕО: Кивнал и се шокирал од тоа што му излегло од носот
Британецот Стив Истон (51) повеќе децении имал константни главоболки и затнат нос. Сепак, болката и затнатоста исчезнале откако кивнал и од носот му излегла дел од играчка која ја носел во себе 44 години.
Главоболката која ја чувствувал Стив моментално исчезнала. Она што е неверојатно во целата приказна е дека Истон, поради проблеми со дишењето и главоболките со години одел на лекар, но тие не можеле да откријат која е причината за неговите проблеми.
Сепак, откако го исфрли парчето играчка сите негови здравствени проблеми исчезнаа.
Оцени ја веста
16.05.2015 - 10:29
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа