ФОРБС пишува - Со 63 милијарди кубни метри руски гас Турција е нова стратешка ѕвезда на Европа и Евроазија
Почетокот на градењето на гасоводот„Турски тек“ означува дека Европа од сега ќе мора да ја земе во предвид енергетската стратегија на Русија и Турција пишува Форбс.
Весникот наведува дека проектот може да претставува почетокна новата ера во политичките и економските односи меѓу Русија и Турција. Овој договор може да го отвори патот на Евроазискиот енергетски сојуз кој ќе ги стави под знак прашање плановите на Европа во областа на енергетиката, пишува во текстот.
ЕУ во 2015 година објави дека има намера да ја зголеми својата енергенска безбедност и да создаде европски енергетски сојуз.
И Русија, пишува Форбс може да основа свој енергетски сојуз во оквирот на Евроазискиот економски сојуз и Меѓународната асоцијација на економија и енергетика (ИАЕЕ) во која се наоѓа и Турција.
Географската положба на Турција е нешто што го прави важен стратешки играч, како за Европа така и за Евроазија. Создавањето планови за европски енергетски сојуз, ЕУ треба да води сметка за таа стратешка улога пишува Форбс. Според мислињето на весникот, во наредните години западните политичари и инвеститори ќе мора да се натпреваруваат за благонаклоноста на Анкара.
Форбс притоа наведува дека околу 60% од гасот кој го купува самата Турција, доаѓа од Рускиот „Гаспром“. Како што предвидуваат експертите барањата за енергетика во Турција ќе ја надмине понудата најскоро до 2030 година.
Проектот Турски тек предвидува изградба на гасовод со јачина од 63 милијарди кубни метри гас годишно од Русија во правец на Турција преку Црна Гора кој ќе поминува преку турско грчката граница со 47 милијарди кубни метри гас. Се предвидува да Турција и Грција изградат гасен систем, а ЕУ земјите самостојно да си изградат гаснотранспортни систем за понатамошно примање на гасот на својата територија.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа