Индија одлучи од Русија да купи 197 хеликоптери кои ги произведува фабриката „Камов“
Одлуката ја донела специјалната комисија од Министерството за одбрана на Индија која ја раководи Монохар Парикар, а вредноста на работата ќе изнесува 467 милиони долари.
Главниот конкурент руската фирма била компанијата Аирбус Хелокоптерс, која претходно се викала Eurocopter, со својот хеликоптер AS550 C3 Fennec.
Претседателот на руската влада задолжен за воената индустрија Дмитриј Рогозин откри дека Индија во соработка со Русија на својата територија ќе произведува хеликоптери од типот Мi-17 и Ka0226T. Овие вторите дури и до 400 годишно.
Околу 70% од индијската воена техника е советско и руско производство.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа