Вратен пасошот на Заев
На Зоран Заев денеска му беше вратен пасошот пишува 24 Вести. На лидерот на СДСМ му беше одземен истиот по обвинението во случајот „Пуч“. Од неговиот кабинет, ја потврдуваат информацијата, но не сакаат да ја коментираат причината.
Се шпекулира дека причина за враќањето на пасошот е тоа што во вторник Заев треба да оди на преговори со премиерот Никола Груевски во Европскиот парламент во Стразбур, во обид да се најде решение за кризата.
Оцени ја веста
15.05.2015 - 21:51
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа