ФОТО: Шабан Шаулиќ на снимањето на „Ѕвездите на Гранд“ си го повредил рбетот!

 

Кралот на народната музика Шабан Шаулиќ доживеа незгода на снимањето на „Ѕвездите на Гранд“ кога падна од столче и си го повреди рбетот.

Имено пејачот поминал шест часа на снимањето одбирајќи кандидати и во еден момент му попуштила концентрацијата и паднал од столчето. Никој не забележал веднаш што се случува, само се слушнал јак удар на подот, а потоа веднаш сите сфатија дека Шабан го нема на столчето.

На помош веднаш му притрчал Драган Стојковиќ Босанац и полека го дигнал од подот.

1sabangrand

Публиката и сите во студиото почнале да се смеат, а и самиот Шабан се кикотел неколку минути, додека рбетот не почнал многу да го боли, па веќе не можел да седи, туку станувал и шетал.

Снимањето било прекинато на кусо време, а по снимањето пејачот веднаш отишол дома за да легне.

Извор: Вистина.мк

 

 

 

Оцени ја веста

15.05.2015 - 21:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега