Бара оштета од 1,5 милион евра од државата

Пред високиот суд во Нови Сад, кој го претставува судијата Лилјана Судар, вера беше одржано првото рочиште по тужбата на Угљеше Гргура, против државата Србија. На име на материјална и нематеријална штета, сопствникот на Агенцијата за обезбедување „Гвозден“ бара речиси 170 милиони динари или околу милион и пол евра!

Гргур заедно со екс градоначалникот Зрењанин Горан Кнежевиќ и уште неколку лица кои како што во 2008 година се тврдеше, ја чинеле градежната мафија, беше уапсен во октомври истата година.

Во притвор минал година дена, за во април 2013 година бил ослободен од каква било одговорност.

„Општо е познато дека тоа беше политичко апсење кое го иницираше Бојан Пајтиќ за да не бирајќи средства се пресмета со Кнежевиќ со кој беше во конфликт. Жртви бевме ни криви ни должни јас и уште неколкумина“ вели Гргур.

Неговата агеницја постојано вработуваше повеќе од 30 луѓе и остваруваше чиста добивка од околу осум милиони динари годишно. По апсењето клиентите почнаа да го напуштаат. По извесно време фирмата згасна.

 

Висината од оштетата која ја бара од државата ја утврдија вештаци. Околу милион евра е директна материјална штета, која ја имал поради губењето на работата во агенцијата, а половина милон бара на име претрпена нематеријална штета.

 

 

Оцени ја веста

15.05.2015 - 20:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега