Мицфелдер со поддршка до премиерот Груевски Македонија да оди напред

 

Германски пратеник Филип Мицфелдер во писмо упатено до премиерот Никола Груевски го осудува терористичкиот напад и посочува на обединетост во борбата против исламскиот фунтаменталистички тероризам. 

- Моите мисли се со семејствата на убиените и ранетите полициски офицери и со народот на Македонија. Растот на меѓународниот тероризам е едно од големите зла на нашето време, кое и Германија и сите други, го осудуваме. Вашата борба против исламскиот фундамленталистички тероризам е нешто во што стоиме обединети, наведува во писмото Мицфелдер до премиерот Груевски. 

Тој е уверен дека премиерот ќе и помогне на Македонија да продолжи да се развива и да оди напред.

- Имајќи ги предвид предизвиците и можностите кои доаѓаат, со задоволство ги очекувам вашите идни напори и ви посакувам се најдобро, наведува во писмото. 

Покрај сочуството за терористичкиот напад минатата недела во Куманово, во писмото германскиот пратеник го честите и реизборот по четврти пат за лидер на партијата ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

Оцени ја веста

15.05.2015 - 19:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега