Испил 56 пијалаци набрзина па починал
Маж починал откако испил 56 пијалаци набрзина, a сопственикот на барот е обвинет за убиство.
Неколку пријатели излегле на пијачка но на крајот на вечерта еден од нив починал откако испил 56 различни алкохолни пијалоци.
Сопственикот на барот кој Ле Стартер во Франција е овинет за убиство бидејќи не престанал да точи алкохол на 57 годишниот гостин.
Постерот кој се наоѓал на ѕидот во барот наводно била причината за 57 годишниот гостин да почне да се натрпеварува.
Сведок на настанот изјавил дека претходно бил во барот кога гостинот кој бил познат како Ренауд имал неколку обиди да го урне светскиот рекорд во пиење. Тој изјавил дека го видел Ренауд претходно како има испиено 14 алкохолни пијалоци на екс.
Ќерката на Ренауд изјавила дека нејзиниот татко починал бидејќи сопственикот на барот го терал да пие и го охрабрувал. Сопственикот на барот изјавил дека секој си е одговорен за себе кога е во прашање одговорното пиење на гостите.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа