Утре периодични прекини на мостот над реката Пчиња во Катланово

 

Поради изведување специфични работи на мостот над реката Пчиња во Катланово утре изутрина почнувајќи од 6 часот ќе има периодични прекини во сообраќајот, соопшти АМСМ. 

Како што се наведува во соопштението, ИРД Инженеринг известува дека поради изведување на специфични работи на мостот А1-41Л (мост над реката Пчиња во Катланово) на стационажа 43+151, утре во раните утрински часови, почнувајки во 06:00 часот, ќе има периодични прекини во сообраќајот во интервали не подолги од 10 минути. 

Прекините ќе се одвиваат во присуство на сообраќајната полиција, со соодветна сигнализација.

Сообраќајот, пак, на сите државни патишта се одвива по суви коловози.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани - Делчево, Виница - Берово каде е можна почеста појава на одрони. 

 

 

Оцени ја веста

15.05.2015 - 18:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега